Најмалку 27 загинати во автобуска несреќа во Кина

Во превртување на автобус на југозападот на Кина, загинале најмалку 27 луѓе, објави во неделата локалната полиција.

Автобусот со 47 патници се превртел на автопатот меѓу Гуајанг, главниот град на покраината Гуижу, и гадот Лобо.

Дваесетте патници кои ја преживеале несреќата се згрижени со разни степени на повреди. На местото на несреќата биле упатени амбулантни возила и екипи за спасување.

Локалната полиција наведува дека сѐ уште ја истражува причината да смртоносната несреќа.