Најмалку 27 загинати во нападот во Кабул

Најмалку 27 лица загинаа, а 55 се повредени во ракетен напад врз учесници на церемонија во Кабул, меѓу кои бил и авганистанскиот премиер Абдул Абдул.

Портпаролот на Абдул соопшти дека премиерот не е повреден.

Портпаролот на Министерството за здравство Вахидула Мајар изјави дека повредените биле пренесени во болниците во Кабул.

Според портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахми, сите жртви се цивили.

Ова е прв голем напад во Кабул откако беше потпишан договорот меѓу САД и талибанците во Доха.

Талибанците негираат дека се одговорни за нападот врз учесниците на церемонијата во чест на локалниот лидер на Хазарите, Абдул Али Мазари, кој беше убиен во 1995 година.

Министерот за внатрешни работи на Авганистан потврди дека специјални полициски единици се испратени на местото на нападот, додека авганистанскиот претседател Ашраф Гани го осуди нападот како злосторство против човештвото.

Хазарите воглавно се припадници на шиитската верска група, кои се честа мета на сунитските екстремисти во Авганистан.