Најмалку 28 починати од труење со алкохол во Индија

Најмалку 28 лица починале а уште 60 други се затруени по консумирање фалсификуван алкохол во западна Индија, објавија во вторникот индиските власти.

Високиот влади функционер Мукеш Парамр изјаввил дека смртните случаи се регистрирани во областите Ахмедабад и Ботад во сојузната држава Гуџарат во којашто се забранети производството, продажбата и потрошувачката на алкохол. Според него, засега не е познато каква хемикалика била користена за производство на таквиот алкохол.

 

Според индиски медиуми, приведени се неколку осомничени лица, кои продавале такви алкохолни пијалаци.

Смртните случаи од нелегален алкохол се чести во Индија, каде тој е евтин и често помешан со хемикалии како пестициди за да биде помоќен.

Криумчарењето алкохолни пијалаци стана доста профитабилен бизнис во Индија. Криумчарите не плаќаат даноци и евтино им продаваат на сиромашните огромно количество од своето производство.

Во 2020 година, најмалку 120 лица го изгубија животот по труење со алкохол во индиската северна држава Пенџаб.