Најмалку 28 убиени во меѓуплеменски судири во Конго

Најмалку 28 лица ги загубиле животите во судири меѓу племеските групации на земјоделци и номади во текот на последните 48 часа на североистокот од Демократска Република Конго, пренесува во четвртокот агенцијата Reuters повикувајќи се на соопштение на Мисијата на Обединетите нации за стабилиација на ДР Конго (MONUSCO).

„Беа извршени напади врз лица кои биле во кампови за раселени лица или во села во покраината Итури“, се наведува во соопшението. Притоа, според податоците со кои располага мисијата, еден од судирите се случил во близина на нејзината привремена база во овој дел од земјата.

Од лето ескалираа судирите меѓу земјоделците и номадите. Непосредна причина беше обидот на земјоделците да заземат земјишта кои номадите ги сметале за свои. Како резултат на овие насилства од јуни во регионот се убиени повеќе од 200 луѓе, а околу 300.000 лица ги напуштија домовите. Последните денови токму камповите за бегалци и раселени лица станаа цел на нападите.

Нападите во покраината Итури најмногу се насочени кон номадите од заедницата Хема, кои долго време се во судир со земјоделците Ленду околу полагањето на правата на пасиштата, како и за политичката застапеност, иако точниот идентитет на напаѓачите останува нејасен.

Отворениот конфликт меѓу заедниците Хема и Ленди во периодот од 1999 до 2007 година резултираше со околу 50.000 мртви во едно од најкрвавите поглавја од граѓанската војна во источен Конго која зад себе остави милиони мртво од судирите, гладот и болестите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.