Најмалку 29 загинати во пад на автобус во амбис од 200 метри во Перу

Најмалку 29 луѓе загинаа во вторникот во централно Перу откако автобусот со кој се превезувале излетал од патот и се урнал во пропаст длабока 200 метри, објави локалното радиот RPP, повикувајќи се на изјави од полицијата.

Уште двесеттина лица се повредени во хаваријата на автобусот кој превезувал повеќе од 45 патници, а патувал од градот Уануко во Андите кон перуанската престолнина Лима.

Несреќата се случила во близина на градот Чозика, кога автобусот прво удрил во рид, а потоа паднал во провалијата. Се претпоставува дека возачат заспал зад управувачот. Според полицијата, според податоците од GPS системот, возилото се движело со преголема брзина.

Полицијата, исто така, соопшти дека поради непристрапност на теренот на местото на несреќата, операцијата на спасување и потрага пролжува во текот на целиот ден.

Сериозните автобуски несреќи со десетици жртви не се реткост во Перу, каде условите на планинските патишта се тешки, а автобусите неретко се во многу лоша состојба.