Најмалку 30 исчезнати откако се запали траект во близина на Јава

Најмалку 30 лица се водат како исчезнати откако се запали траект во близина на индонезискиот остров Јава.

Во моментот на несреќата на траектот имало 277 лица од кои околу 245 се спасени со чамци и со бродови.

Пожарот на траектот избил откако испловил од Сурабаја, а негова крајна дестинација бил Баликпапан. Се уште не е позната причината за пожарот.