Најмалку 300 случаи на Covid-19 меѓу финските навивачи по враќањето од Русија

Најмалку 300 Финци кои се вратиле во татковината откако ја бодреа својата фудбалска селекција на Европското првенство на натпреварот во блиската руска метропола Санкт Петербург биле позитивни на тестирањата на Covid-19, објавија во понеделникот финските здравствени власти.

Здравствените власти го повторија апелот да се тестираат сите Финци кои се вратиле во земјата по поразот од Белгија минатиот понеделник, а на навивачите им е препорачано да останат во карантин до добивањето негативен резултат на тестот на коронавирусот.

Финските власти веќе изразија загриженост минатиот четврток, откако на граничните премини меѓу навивачите кои се враќаа од соседниот Санкт Петербург беа потврдени 86 случаи на заразата.

Поради задушувањето на граничните премини и сообраќајните метежи предизвикани со враќањето на околу 3.000 навивачи минатиот вторник, скужбениците на финската царинска служба морале во земјата да пропуштат речиси 800 лица без тестирања, најмногу од нив кои патувале со автобуси, пренесуваат локалните медиуми.

На опасноста од ширењето на коронавирусот на натпреварите од Европската првенство во понеделникот како организатор на натпреварувањето УЕФА ја предупредија и од Европската комисија.

На европската фудбалска асоцијација ѝ беше предочено дака мора да се биде претпазлив поради потенцијално големите маси луѓе на натпреварите во завршницата на првенството, особено на финалниот дуел во Лондон. Потсетија дека британските власти ги ограничуваат патувањата за своите граѓани, како и дека УЕФА во таа смисла мора да почитува „одредена симетрија и сразмерен пристап“.