Најмалку 35 лица убиени на венчавка во оперција на авганистанската војска

Најмалку 35 гости на венчавка се убиени а уште 13 други се ранети во текот на нападот на авганистанските владини сили врз наводно засолниште на милинтантите, објавија во понеделникот два функционера во јужната покраина Хелманд, што е втор ваков случај последните денови во Авганистан.

Инцидентот се случил во неделата вечерта, кога авганистанските сили извршиле напад врз куќа којашто, како што тврдат, милитантите ја користеле за обука на бомбаши самоубијци, а жртвите биле гости на прослава на венчавка.

„Убиени се 35 цивили, а 13 се ранети. Биле на венчавка близу областа на нападот во Каксара во округот Муса Кала“, рекол членот на покраинската влада, Атула Афган. Неговиот колега Андул Маџид Акундѕадах рекол дека во нападот се убиени 40 цивили.

„Во заедничката операција во Хелманд се убиени 22 талибани, 14 се уапсени“, соопшти министерството за одбрана во Кабул. Меѓу заробените пет биле Пакистанци и еден милитант од Бангладеш. Се додава дека ќе се истражат извештаите за цивилните жртви.

Талибаните преку својот портпарол соопштија дека авганистанските војници со поддршка од американските сили во текот на изминатата ноќ извеле воздушен напад во рамките на копнените судири на нивните борци и авганистанските сили во округот Муса Кала. Неколку цивили се убиени на венчавката, а 18 припадници на авганистанските сили загинален во борбите, соопштија талибаните,.

Претходно во четвртокот беше објавено дека најмалку 30 цивили се убиени а уште 40 се ранети во воздушен напад на авганистанските безбедносни сили со поддршка на американските воздушни сили во источен Авганистан. Целта на нападот изведен ноќта кон четвртокот била уништување на засолниште на милитантите од Исламската држава, меѓутоа по забуна биле гаѓани земјоделци во близина на полињата во Вазир Танги во округот Кагјани во покраината Нангахар. Но според локалната телевизија Ariana, нападот го извеле „странски сили“, а жртвите биле локални жители кои береле ф’стаци.