Најмалку 38 загинати во пожар на траект во Бангладеш

Најмалку 38 луѓе го загубија животите во пожарот кој зафатил патнички траект на југот на Бангладеш, соопштија во петокот локалните власти.

Уште најмалку 67 патници со тешки изгореници се хоспитализирани во болницата на Медицинското училиште Ше-е-Бангла во соседниот округ Барисалу.

Противпожарниот функционер Фарид Удин Бхујлан изајхвил дека пожарот избувнал на раните утрински часови, кога траектот „Обиџан-10“ пловел по реката Суганда во округот Џалакати, околу 255 југозападно од престолнината Дака.

Се верува дека пожарот избувнал во машинскиот одел на траектот и брзо се проширил по целото пловило, па многу патници скокнале во реката. Се проценува дека 800 патници биле на траектот кој пловел во јужниот округ Баргун од главаниот град Дака.

На пожарникарите им биле потребни повеќе од три часа да го изгасата пожарот откако траектот бил закотвен на брегот на блиското село, изјавил Зохар Али, управител на округот.

Смртоносните несреќи на траектите се чести во Бангладеш, земја со многу реки, поради непочитување на безбедносните правила.