Израелските сили ги засилија воздушните удари низ Појасот Газа во четвртокот, при што загинаа најмалку 40 лица, соопштија палестинските здравствени власти.
Израелците погодија низа куќи во бегалскиот камп ал-Буреиџ, при што загинаа најмалку 15 лица, а уште четворица во блискиот камп ал-Нусеират. Нусераит и Буреиџ се два од осумте историски густо населени бегалски кампови во Појасот Газа, а Израел ги смета за упоришта на вооружените милитанти.
Подоцна во четвртокот, 15 Палестинци беа убиени, а други 30 ранети во израелско бомбардирање на две училишта источно од градот Газа, соопштија службите за итни случаи. Израелската војска тврди во соопштение дека ги погодила наводните командни и контролни центри на бооружените крила Хамас во училиштата „Абдел-Фатах Хамуда“ и „Ал-Захра“ во населбата Туфах во Газа.
Израел го обвинува Хамас дека користи цивили и цивилна инфраструктура за воени цели, што милитантната група го негира.
Вооруженото крило на Хамас и Исламски џихад објавика дека со противтенковски ракети и гранати ги напаѓаат израелските сили низ Појасот, елиминирајќи ги израелските војници.