Најмалку 44 загинати, повеќе од 150 повредни при стампедо на религиозен фестивал во Израел (ВИДЕО)

Смртта на најмалку 44 лица за време на еврејскиот аџилак „е една од најтешките катастрофи“ во историјата на Израел, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој утрово го посети местото на несреќата и ја прогласи недела за ден на жалост.

– Катастрофата на брдото Мерон е една од најлошите што ја погодија државата Израел, напиша Нетанјаху на Твитер.

Најмалку 44 лица загинаа, меѓу кои и деца, а повеќе од 150 се повредени синоќа во метежот што се создаде меѓу десетици илјади ултраортодоксни Евреи на светилиште во северен Израел.

Се претпоставува дека некој се сопнал во тесен премин што води кон светилиштето, што предизвикало турканици и паника меѓу верниците.

По повод празникот Лаг БаОмер, ултраортодоксните верници се собираат на планината Мерон. На има голем метеж, со танцување и палење оган.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.