Најмалку 47 жртви во поројните дождови во Бразил

Властите на североисточната сојузна бразилска држава Минас Жераис објавија вонредна состојна во педесетина општини во регионот поради долготрајните поројни дождови, објави во неделата гувернерот Ромеу Зума Нето.

Оваа одлука им овозможува на локалните администрации да набавуваат добра и услуги неопходни за справување со последиците од елементарната непогода, согласно со поедноставната постапка и без потреба од објавување тендери. Ваквата уредба на сила ќе биде следните шест месеци, се додава во соопштението.

Според информациите на управата за цивилна заштита во државата Минас Жераис, бројот на жртвите во невремето се зголемил на 38 лица и уште 17 кои се водат како исчезнати, а повредени се 12 луѓе. Повеќе од 11.400 лица биле принудени да да ги напуштат своите домови, од кои 1.800 луѓе сѐ уште не се згрижени.

Според синоптичарите, во главниот град на државата Бело Хоризонте, од 9 часот утрото во четвртокот наврнале рекордни 171,8 мм дожд за едно деноноќие, што е рекордно ниво во 110 години долгото метеоролошко бележење во оваа земја. Просечните месечни јануарски врнежи во Минас Жераис во моментов се повеќе од двојно зголемени.

Во соседната југоисточна сојузна држава Еспириту Санту девет лица загинале како последица на поројните дождови и последователното лизагње на земјиште. Повеќе од 5.000 жители се евакуирани од нивните домови.

Бразилското Национално тело за цивилна заштита во сабоатата готовноста на Центарот за управување со кризи и катастрофи го стави на максимално ниво, поради опасноста од обилните врнежи од дожд во централните и југоисточните држави на земјата. Во овие сојузни држави е прогласено највисокото ниво на тревога поради големиот број неповолни временски и климатски состојби во текот на претходните два дена. Најмногу настрадани од силните врнежи и поплави се сојузните држави Минас Жераис, Еспириту сојузните држави Минас Жераис, Еспириту Санту, Гојас и Рио де Жанеиро, како и округот на федералната престолнина Бразилија, според спасувачките екипи.

Обилните внрежи во северниот, централниот и југоисточнито дел на Бразил во текот на летниот период се сезонскии се повторуваат на годишно ниво со различен степен на интензитет. Причина за нивната појава е движењето на топлиот влажен воздух од екваторските шуми на Амазонија во југоисточна насока, кон Атлантикот. Според прогнозите, дождовите ќе продолжат најмалку до крајот на викендот.