Најмалку 60 убиени во терористички напад во Могадишу

Во силна експлозија на автомобил-бомба на контролен пункт во сомалиската престолнина Могадишу, во која загинале најмалу 61 лице, а ранети се десетици други, пренесуваат агенциите во саботата повикувајќи се на властите.

Британски BBC, јавува за 30-ина убиени, а агенцијата Reuters повикувајќи се на извори во брзата помош јавува за повеќе од 60 жртви. Агенциајта AFP, пак, го цитира полциискиот службеник Ибрахим Мопхамед кој рекол дека може да потврди смрт на 20 цивили и голем број повредени. Сомалискиот пратеник и поранешни министер за внатрешни работи, Мохамед Абдизирак, пак, тврди дека се убиени повеќе од 90 луѓе.

Полицијата соопшти дека според првичните сознанија камион полн со експлозив влеталн во областа во којашто поради безбедносен пунк сообраќајот е густ и бавно се одвива.

Маж, кој бил сведок на експлозијата, за Reuters рекол дека „сѐ што можел да види биле расфрлани мртви тела… некои изгорени до непрепознатливост“.

Ниедна група засега не ја презема одговорноста за нападот, но главниот град на Сомалија често е цел на бомбашки напади извршени од милитантите на исламистичкото движење ал-Шабаб.

Исламистичката група ал-Шабаб владините сили со помош на странските сили ја потиснаа од сомалиската престолнина Могадишу во 2011 година, а следната 2012-та и од Кисмају. Сепак, припадниците на оваа групација која порано беше поврзана со терористичката мрежа Ал Каеда, а последните години одржува врски со џихадистите од Исламската држава, и натаму напааѓаат владини и странски цели во Сомалија. Напади извршуваат и во соседна Кенија, како одмазда поради тоа што војската на оваа земја учествува во мировната операција на Африканската унија во Сомалија на страна на владата во Могадишу.