Најмалку 63 загинати, десетици повредени во пожар во Јоханесбург

Најмалку 63 лица загинаа во пожар што зафати петкатница во јужноафриканскиот град Јоханесбург, соопштија во четвртокот локалните служби за итни случаи.

Најмалку други 43 лица се повредени, изјави Роберт Мулауџи, портпарол на итната служба во Јоханесбург.

Бројот на загинати продолжи да расте по пожарот кој избувна во четвртокот во раните утрински часови во зграда во централната деловна област на градот.

Мулауџи рече дека бројот на жртвите може дополнително да се зголеми бидејќи потрагата по телата во зградата продолжува. Десетици жители се спасени, рече Мулауџи во објавата на X.

Јужноафриканските медиуми одделно го цитираа Мулауџи дека зградата е дом на „неформална група“ жители. Причината за пожарот сѐ уште не е позната.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.