Најмалку четири лица повредени во напад со нож во Париз

Најмалку четири лица се повредени од убод со нож во напад што се случил во Париз, изјави во петокот францускиот премиер Жан Кастекс.

Две од четирите жртви на нападот се во тешка состојба, забележа полицијата, и додаде дека мотивот зад прободувањето се уште е нејасен.

Инцидентот се случил во близина на поранешните канцеларии на францускиот сатиричен неделен весник „Шарли Ебдо“, се вели во извештајот и се додава дека локалната полиција ги предупредла граѓаните да ја избегнуваат областа, бидејќи напаѓачот сè уште не е приведен.

Локалните медиуми открија и дека полицијата трага во областа по сомнителни пакети.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.