Најмалку четворица мртви во пад на хеликоптер во Норвешка

84

Најмалку четири лица загинаа, едно е исчезнато а уште едно е повредено откако во саботата во северна Норвешка се урна патнички хеликоптер, јавија спасувачките служби.

На летот на хеликопетерот од моделот „Airbus AS350“ на норвешката компанија „Helitrans“ имало пет патници и пилотоот. Се урнал на југозападот од регионот Алта околу 17 часот по локално време.

Повреденото лице е пренесено во болницата во Тромсе, објавија спасувачките служби.

Наводно патниците во хеликоптерот патувале на музички фестувал во Хотспрела, кој се одржува викендов, пренесува агенцијата AFP. Управата на фестивалот на Facebook ги откажа концертите за саботата вечерта.

Засега не е позната причината за уривањето на хеликоптерот, а од компанијата „Helitrans“ не биле веднаш достапни за коментар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.