Најмалку десет студенти убиени во Кабул

Напаѓачи врз универзитетски кампус во авганистанската престолнина Кабул убиле најмалку десет студенти и се судриле со безбедносните сили, соопштија властите.

Напаѓачите отвориле оган врз студентите кои бегале кон просториите на кампусот, рекол за AFP очевидец на нападот.

„Пукаа врз сите студенти коишто ќе ги видеа“, рекол Фатула Моради, додавајќи дека со група пријатели успеал да побегне низ еден од излезите од кампусот.

Талибаните и нивните борци веднаш соопштија дека не стојат зад овој напад, а досега за него ниедна група, вклучително и џихадистичката ултраиортодоксна сунитска групација Исламска држава, не ја презема одговорноста.

Очевидци наведуват дека нападот следел по екслозија во близина на местото на кој на отворено се одржувал саем на книги, организиран од авганистанските и иранските министерства за култура.

„Најмалку десет лица се убиени, а многумина се ранети“, изјавил бебзедбосен извор до авганистанската влада кој сакал да остане анонимен.

„Непријателите на Авганистан, противниците на образованието… продреа во Универзитетот во Кабу. Безбедносните сили се распордени во областа и се обидуваат да ја контролираат ситуацијата. Напредуваат внимателно за да нема повредени други стиденти“, рекол за авганистанските медиуми Тарик Аријан, портпарол на министерството за внатрешни работи, пренесува PRESSTV.

„И танаму се слушаат истрели во околоната, но безбедносните сили ги блокираат. Не знаеме дали се соочуваме со координиран напад или со нешто друго“, додал Аријан.

Претставникот на НАТО во Авганистан, Стефано Понтегорво, го осуди нападот.

„Ова е втор напад врз образовните институции во последените десет дена во Кабул. Авганистанските деца и младите мора да се чувствуваат сигурни додека се образуваат“, соопшти во посмена изјава Понтекорво.

Минатата седмица во повторен напад врз образовен центар во Кабул беа убиени 24 луѓе, главно студенти, за кој одговорноста ѝ се припишува на Исламската држава. Во 2018 година бомбаш самоубиец уби десетици лица, повеќето тинејџери, исто така пред Универзитетот во Кабул, кога одговорноста ја преземаа џихадистите од Исламската држава.

Насилството и натаму го погаѓа Авганистан додека владата во Кабул и талибанските преговарала во Катар се состануваат за да постигната мировен договор кој ќе резултира со повлекување на странските трупи од земјата.