Најмалку десетмина повредени во пожар и експлозија во хотел во САД

Најмалку десет лица, меѓу кои и двајца пожарникари, се повредени во експлозија и пожар во хотел во државата Њу Хемпшир.

Локалните власти соопштија дека никој не се здобил со повреди опасни по живот.

Експлозијата се случила во раните утрински часови во хотел во градот Лебанон, неколку часа откако пожарникарите влегле во објектот откако се вклучил алармот за пожар, соопшти противпожарната служба на Њу Хемпшир.

Причината за пожарот и експлозијата сè уште се истражува, а властите соопштија дека не веруваат оти се работи за криминал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.