(ФОТО) Најмалку девет повредени во експлозија во супермаркет во Австрија

Најмалку девет лица се повредени во експлозија што се случи во супермаркет во јужниот дел на Австрија.

После експлозијата во супермаркетот „Сент Јодок ам Бренер“, кој се наоѓа меѓу Инсбрук и италијанската граница, избувнал пожар.

Локална спасувачка служба соопшти дека никој од повредените не е во животна опасност.

Сѐ уште не се знае причината за инцидентот.