Најмалку двајца мигранти удавени во Дунав во обид да се префлрат во Хрватска

Најмалку двајца мигранти се удавиле во понеделникот утроро кога се превртил чамец повеќе од десет лица со кои се обидувале да се префрлат во Хрватска, соопшти српското министерство за внатрешни работи.

„Полицијата е известетна дека еден чамец кој превезувал група мигранти се превртел во понеделникот во 6 часот утрото. Се чини дека се обидувале да го преминат Дунав. Полицијата на местото на несреќата најде две тела на давенции. Потрагата продолжува“, се наведува во соопштението.

Полицијата не го прецизираше полот на жртвите, ниту бројот на лицата по кои трага, како ниту бројот на луѓе во чамецот кој се превртел.

Според извештаите на белградските медиуми, кои се повикуваат на изјави од очевидци и неименувани полициски извори, група од 10 до 15 мигранти се обиделе рано утрото во понеделникот кај местото Каравуково, на територијата на општината Сомбор, со чамец да го минат Дунав и да преминат на хрватскиот брег. Меѓутоа, чамецот се префлрил набрзо кога запловил преку реката.

Две деца и четири возрасни лица се водат како исечзнати, додека другите мигранти успеале да испливаат. Не е јасно дали двете жртви се дел од лицата кои се водат како исчезнати, додека спрското МВР јавува дека потрагата продолжува.