Најмалку двајца убиени и четвoрица ранети во пукање во Калифорнија

Најмалку две лица загинале а уште четири други се ранети во саботата во инцидент во кој било употребено огнено оружје во сортирачки центар на трговската мрежа „Walmart“ во градот Ред Блаф, во сојузната држава Калифорнија, пренесуваат во неделата американските медиуми.

Според извештаите, непознат автомобил во бел автомобил четири пати пред инцидентот кружел околу дистрибутивниот центар а потоа со возилот се забил во објектот каде што во тој момент имало околу 200 вработени. Еден од очевидците, Френклин Листер, за весникот The New York Times изјавил дека штотуку стапил на смената и во прв момент посмислил дека станува за противпожарен аларм. Негов колега, Скот Тамаканти, смета дека било пукано од полуавтоматско оружје и оти биле истрелани околу 60 кушруми.

Во објектот настанала паника. Очевидците велат дека масовно луѓето се сјуриле кон излезот за да ги избегнат куршумите. Петнасетина минути подоцна пристигнале полициски тимови, околу 15,45 часот по локално време (околу 1,45 по македонско), кои отвориле оган кон напаѓачот погодувајќи го во градите.

Помошникот на шерифот на округот Техама, Фил Џонстон, во текот на прес-конференцијата потврди за еден загинат, Мартин Харо-Лозано, кој бил вработен во дистрибутивниот центар. Додалде дека осомничениот 31-годишник, исто така е загинат, и оти може да имал некава поврзаност со компанијата.

„Имаме еден загинат, кој можам да го именувам…. Тој веројатно е од Орленд, Калифоднија и е вработен во Walmart… Го идентификувавме напаѓачот, кој исто така загина, но неговите роднини сѐ уште не се известени… Станува збор за белец на 31-годишна возраст“, изјави Џонстон на прес-конференцијата која ја пренесуваше порталот Record Searchlight.

Џонстон, исто така, потврди дека неколку од ранетите се хоспитализирани. Според него, во моментов нивните животи не се загрозени, но не исклучи дека ситуацијата може да се промени.

Помошникот на шерифот истакан дека истрагата е во теко, но оти засега мотивите на напаѓачот не се познати. Според Record Searchlight, кој го цитира Џонстон, осомничениот преда да отвори оган напавил четири кругови околу дистрибутувниот ценатар, а потоа се забил во објектот. Тој бил вооружен со полуавтоматска пушка. Според порталот, четири лица се во болница со разни повреди, но нивната состојба е стабилна.

Портпаролот на „Walmart“, Скот Поуп, за локалните медиуми изјави дека компанијата соработува со полицијата во врска со инцидентот. Во истрагата, исто така, се вклучени и министерството за правда и Федералното биро за истраги (FBI).

Гратчето Ред Блаф со 14.000 луѓе се наоѓа на 210 колометри северно од Сакраменто, административниот центар на сојузната држава на Калифорнија.