Најмалку двајца загинати во земјотресот во кинеската провинција Јунан

Најмалку две лица загинаа во денешниот силен земјотрес во југозападната кинеска провинција Јунан.

Во Јунан денеска е регистриран земјотрес со интензитет о од 6,1 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од осум километри. По силниот земјотрес регистрирани се серија помали земјотреси.

Земјотресот е почувствуван и во Виетнам, во Индија, во Лаос и во Мјанмар.