Најмалку две експлозии во центарот на Киев

Неколку силни експлозии се регистрирани попладнево во центарот на Киев, откако руските сили претходно оваа недела таргетираа енергетски објекти во главниот град и околни региони.

Најмалку две експлозии одекнаа околу 14:20 часот по киевско време (11:20 часот по Гринич)

Како последица на руските напади со беспилотни летала, насочени кон енергетската инфраструктура, загинаа најмалку пет лица во градот во понеделникот.