Најмалку две лица се убиени во пукање пред синагога во Германија

Најмалку две лица се убиени во пукање кое се случило пред синагога во градот Хале во Германија. Германскиот весник „Билд“ пишува дека на еврејските гробишта фрлена е рачна граната.

Напаѓачот наводно испукале неколку куршуми од пушка, убил една жена и ранил уште неколку лица.

Напаѓачот е во бегство и заминал во правец на Лајпциг. Полицијата апелираше до граѓаните да останат во своите домови.

https://platform.twitter.com/widgets.js