Најмалку две лица загинаа во авионска несреќа во Јакута

18

Најмалку две лица загинаа, а петмина се повредени при принудно слетување на авион во сибирската област Јакута, во близина на езерото Силијан Куел, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

– Според последните информации две лица загинаа. На летот биле седум луѓе. Повредените со авион се пренесени во Јакутск, а биле посетени и од психолози, се наведува во соопштението.

Претходно медиумите објавија дека авион Ан-26, сопственост на компанијата „Авиаспектр“, принудно се приземјил кај езерото Силијан Куел, околу 400 километри од местото каде требало да слета.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.