Најмалку една жртва во експлозија во хемиска постројка во предградие на Барселона

Најмалку едно лице погина во експлозија во хемиска постројка во Ла Вернеди, предградие на Барселона, соопштија денеска на Твитер локалните служби за вонредни состојби.

Службите за вонредни состојби наведуваат дека соработуваат со пожарникарите и компанијата за да утврдат кој вид производи се погодени со експлозијата, пренесуваат британските медиуми.