Најмалку една жртвa во силниот земјотрес во Мексико

Најмалку едно лице го загубило животот а уште еден е повредени во земјотрест со магнитуда од околу 7,5 според Рихтер кој го погоди јужниот дел од Мексико, соопшти во вторникот гувернерот на сојузната држава Оахака, Алехандро Мурат

„Оштетена е болницата во Хуатулко, неопходно ќе биде пациентите да се преместата. Според првичните информации едно лице починало како резултат на уривање на фасада на зграда, а уште еден е повредено“, изјави гувернерот Мурат за телевизијата Canal 6.

Епицентарот на потресот со магнитуда од 7,5 степени по Рихерт е регистриран на длаобочина од 12 километри во местото Крусесита, на 131 километри југоисточно од градот Оахака де Хуарез, во сојузната држава Оахака, каде што живеат околу 260.000 жители. Во градот се оштетени многу станбени и јавни објекти, пренесува телевизијата..

Медиумите пренесуваат дека потресот бил почувствуван и во главниот град Сиудад де Мехико, стотици километри оддалечен од епицентарот. Reuters пренесува дека жителите на мексиканската престолнина во паника излегле на улиците.

Податоците кои ги соопшти гувернерот на Оахака на јужнот пафицички брег на Мексико. се првични, а допрва се очекуваат повеќе податоци.

Американскиот геолошки завор USGS, наведува дека магниудата на земјотресот била 7,4 ревидурајќи надолу својата првична процена од 7,7 според Рихтер. Европскиот-медитерански центар EMSC, пак, наведува дека потресот бил со магнитуда од 7,3. Во секој случај, потресите со магнитуди над 7 по Рихтер може да предизвикаат катастрофални последици.

Американскиот центар за предупредување од цунами објави дека се можни бранови со висина од еден до три метра во некои делови од западниот брег на Мексико.

Во земјотресот со магнитуда од 7,1 степени кој го погоди централно Мексико во 2017 година, загинаат 355 лица во Сиудад де Мехико и во околните сојузни држави.

Мексико се наоѓа на спојувањето на три тектонски плочи а низ земјата минуват вкупно пет тектонски плочи и е едно од најтрусните подрачја на планетата. Главниот град е особено чувствителен на тектонските движење, бидејќи се наоѓа на дно на древно езеро.

На 20-ти септември 1985 година разорен земјотрес со магнитуда од 8,1 погоди голем дел од мексиканската престолнина којашто лежи на сунгересто исушено езерско корито, при што загинаа над 10.000 луѓе. По оваа трагедија, мексиканските власти го заострија прописите за градење и развија систем за предупредување на потреси преку сензори поставени на бреговите.