Најмалку осум ирачки полицајци убиени крај Киркук

Најмалку осум ирачки полицајци се убиени во неделата во експлозија на бомба во близина на нивниот конвој југозападно од богатиот со нафта регион на градот Киркук, соопштија безбедносни извори за Reuters.

Експлозијата се случила во близина на селото Сафра, кое се наоѓа околу 30 километри југозападно од Киркук, рекол еден од изворите на агенцијата, додавајќи дека двајца ранети полицајци се животно загрозени.

Засега никој не ја презема одговорноста за нападот, но познато е дека милитантите од ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава се активни во оваа област. Ирак и САД во декември во 2017 година прогласи победа над оваа џихадстичка организација која во летото 2014-та неочекувано освои големи делови од Ирак и од соседна Сирија.