Најмалку осум жртви во автобуска несреќа во Турција

Најмалку осум лица загинаа а уште 37 други се шовредени, од кои четворица се во критична состојба, кога меѓуградски автобус излетал во неделата од автопат во западниот турски округ Афјонкарахисар, изјави гувернерот на Кубра, Гуран Џигитбаси за државните медиуми.

Несреќата која се случила во близина на селото Карабедир кога возачот на автобусот кој од југоисточната провинција Дијарбакир се движеше кон крајбрежниот егејски град Бодрум изгубил контрола над воланот. По несреќата на местото се испратени многу спасувачки екипи.

Според прелиминарните сознамнија, осум лица го загубиле животот, а 37 лица се повредени, информираат од кабинетот на гувернерот. Повредените со возила на брза помош се префрлени во центарот на градот Динар, како и во околните болници.

Турските медиуми известуваат дека на турските патишта се случила уште една трагидија, кога автомобил со шестчлено семејство, кои тргнаа од Чанаккале за да присуствуваат на свадбата на нивните роднини во Бурса ноќта кон неделата, се судрил со камион кој доаѓал во спротивна насока како резултат на губењето на контролата на управувачот од страна на возачот. Додека возачот на автомобилот се здобил со тешки телесни повреди, во возилото загинале пет лица од кои едно дете.