Најмалку пет лица загинаа во експлозија во фабрика во Русија

13

Најмалку пет лица загинаа, а тројца се повредени во експлозија на гас во фабрика во Русија, соопшти националната Служба за вонредни ситуации.

Четворица од загинатите се турски државјани, а националноста на загинатата жена не е соопштена.

Експлозијата одекна во централната Орловска област, а фабриката се урна. До експлозијата дошло во работелница, која се реновирала.

Руските медиуми информираат дека трите повредени лица се државјани на Турција. Тие се здобиле со изгореници и веднаш се хоспитализирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.