Најмалку пет мртви во напад во џамија во Јемен

Најмалку пет луѓе се убиени и уште други 11 се ранети во вторникот во вооружен напад во џамијата во местото Лурд во јужната јеменска провинција Абјан, пренесува телевизијата Al Arabiya повикувајќи се на локалната полиција.

„Пет лица загинаа а 11 се ранети, од кои неколку тешко, кога непознато лице отворило оган врз верниците во една од џамиите во градот Лурд во провинцијата Абјан во текот на дневната молитва“, ги цитира телевизијата своите извори.

Во извештајот на телевизијата се посочува дека меѓу убиените се и имамот на џамијата и таткото на убиецот. Изворот на телевизијата посочил дека сторителот имал психичко нарушување. По стрелањето врз верниците, тој ја искористил паниката и успеал да побегне.

Претходно во вторникот во Абјан силите на сепаратистичкиот Преоден совет на Јужен Јемен започнаа со повлекувањето од своите позиции кои ги преземаа од јеменската армија, по договорот со силите зад кои стои саудиската држава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.