Најмалку седум жртви на италијанскиот остров Искија

(Naples), 26 November 2022. This morning in Casamicciola Terme, on the island of Ischia, a landslide originated from the top of the Epomeo mountain at a height of about 780 meters. ANSA/ CIRO FUSCO

Бројот на загинатите во големиот одрон на земја во саботата предизвикан од обилните дождови на островот Искија близу Неапол во неделата се зголеми на седум луѓе, а италијанската влада прогласи вонредна состојба островот на југот од земјата.

„Бројот на жрвтите во свлечиштето во местото Казамичола се зголеми на седум, а се трага по уште пет лица“, изјави во неделата вечерта префектот на Неапол, Клаудио Паломба.

Припадниците на службата за итна помош ги засилиле напорите во потрагата по исчезнатите, ден откако свлечиштето го уништило локалитетот Казамочола Терме.

Во неделата на спасувачите им се придружиле и нуркачи кои ги пребарувале водите близу пристаништето Казамичола, каде во саботата купишта кал и камења се одронија од највисокото возвишение на островот прекривајќи го куќите и улиците. На снимки направени од воздух се гледаат објекти уништени во одронот.

Новата италијанска десна влада на премиерката Џорџа Мелони во неделата на својата седница издаде указ за давање што поитна помош на жителите по катастрофата.

Објавена е и вонредна состојба за областа на Искија. Со неа е предвиден првичен пакет помош од два милиона евра, како и привремено запирање на плаќањето данок за жителите на областа. Станува збор за популарен туристички остров на кој постојано живеат околу 60.00 жители.,

Во услови на обилните врнежи стануваат, хидрогеолошките ризици во многу делови на Италија се влошуваат, особено во областите во кои има мноштво нелегални градби. На Искија, островот на 30-ина километри од Неапол со вулканско потекло, бесправно се изградени многу куќи. Поради тоа, населението сѐ почесто е во опасност од поплави и потреси, кои последните години често го погаѓаа ридестиот остров.

Смртоносното свлечиште, исто така, повторно ги покрена политичките препукувања во врска со толерирањето на бесправно изградените куќи и нерасположението на политичарите да се справуваат со овој проблем, без оглед на тоа кој е на власт.

„Луѓето мора да сфатат дека во некои области едноставно не можат да живеат и дека, во ризичните подрачја, зградите мора да бидат урнати“, изјави во неделата за јавната телевизија RAI гувернерот на регионот Кампања, Винченцо Де Лука.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.