Најмалку шест лица загинаа во пожар во продавница во Кина

Шест лица загинаа откако избувна пожар во продавница во провинцијата Џиангсу во источна Кина, соопштија денеска локалните власти.

Четири лица загинале на самото место, а две подоцна им подлегнале на повредите и покрај медицинските напори, соопшти градската пожарна и спасувачка служба, пренесе Ксинхуа.

Пожарот доцна синоќа зафатил површина од 200 метри квадратни, а пожарникарите во текот на ноќта успеале да го стават огнот под контрола.

Властите започнаа истрага за да се утврдат причините за пожарот.