Најмалку шест мигранти се удавија крај брегот на Турција

Шест лица, главно децаа, се удавија при потонување на пловило кое превезувало мигранти крај југозападниот брег на Турција, објави во вторникот крајбрежната стража.

Во извештајот се наведува дека се спасени вкупно 73 мигранти од четири бротчиња, како и дека потрагата по петмина исчезнати ја продолжуваат два брода и хеликоптер.

Шестмината загинати се една жена, три деца и две новороденчиња, се додава во извештајот.

Мигрантите во саботата тргнале од Либан кон Италија, но морале да наполнат гориво кај грчкиот остров Родос. Грчката крајбрежна стража одговорила на повиците за помош, ги префрлила мигрантите во четири бротчиња за спасување и ги оставила во турските територијални води, тврди турската крајбрежна стража.

Според податоците објавени на интернет страницата на турската крајбрежна стража, повеќе од 30.000 нелегални мигранти се запрени од почетокот на годинава, што е двојно повеќе отколку во текот на целата мината 2021 година.