Најмалку шест нови жртви на протестите во Багдад

Најмалку шест лица ги загубиле животите во понеделникот во продолжувањето на протестите во Багдад, објави телевизијата Sky News Arabia, со што вкупниот број жртви во немирите во ирачката престолнина и другите градови во земјата се искачи на 77 луѓе, а бројот на повредените се приближува до 4.000 лица.

Според телевизијата Al Arabiya, која се повикува на Заедничкиот оперативен штаб на ирачката армија, во Багдад поради непрекинатите насилни протести е воведен полициски час. Ќе биде на сила од полноќ до 6 часот наутро, до следното соопштение на властите.

„Шест демонстранти загинаа деенска во Багдад поради задушувања и неправилно ракувања со гранати со солзавец“, изјавил членот на локаната Висока комисија за човекови права, Али ал-Бајати. Додал дека бројот на загинатите само во Багдад од петокот се зголемил на 27 луѓе.

Во понеделникот синдикатот на образовниот кадар објави генерален штрајк во знак на солидарноста со студентите кои протестираат. Во многу ирачки градови, особено на југот од земјата, младите излегоа на улиците протестирајќи поради големата невработеност и лошите животни услови, како и против корупцијата во редовите на политичките елити.

Ирачките сили за справвуање со масовни безредија со полициски кордони ги блокираше двата багдадски универзитета, спречувајќи ги студентите да се пробија во централните квартови на градот. Мноштво студенти, како и средношколци и ученици, и покрај острите предупредувања од страна на властите и особено министерството за образование за неприфатливоста ученици на учестуваат на протестите, сепак, им се приклучија на демонстрантите. Полицијата против демонстрантите користи звучни гранати, а судири со полицијата имало во повеќе квартови.

Во меѓувреме, илјадници Ирачани и во понеделникот одбиваат да го напуштат централниот багдадски плоштад Тахрир, кои од четвртокот се наоѓаат на оваа локација, барајќи оставка од владата.

Од почетокот на октомври во неколку ирачки провинции започнаа антивладините протести. Демонстрантите во Багдад, како и во јужните и северните провинции, цел месец се упорни во настојувањата владата да ја натераат да поднесе оставка. Во почетокот мирните протести набрзо ескалираа во насилни судири со безбедносните сили.

По една седмица затишје, минатиот петок протестите продолжија во Багдад, како и во повеќе централни и јужни провинции, каде што е доминантно шиитското население. Протестите насекаде имаат иста цел, се бараат оставки поради влошувањето на животните услови, зголемувањето на невработеноста и корупцијата на високите функционери и политичките елити, а од 1-ви октомври досега животите во протестите ги загубиле најмалку 234 луѓе.

Ирачкиот премиер Аде Абд ал-Махди, пред почетокот на вториот бран протести, го објави плановите за реконструкција на својот министерски кабинер и дополнување на изборниот законик. Притоа порача дека оставка на целата влада ќе ја втурне земјата во хаос. Претходно властите спроведоа промени во раководствата на провинциските безбедносни служни, каде избувнаа протестите.