Најмалку шест жртви и 30 исчезнати во поплавите во Германија

(Jonas Guettler/dpa via AP)

Во поплавите по обилните врнежи на западот на Германија ноќта кон четвртокот загинале најмалку шест лица, а по уривањето на неколку згради во регионот Ајфел се трага по 30-ина исчезнати.

Во сојузните покраини Рајнска Област-Пфалц и Северна Рајна- Вестфалија по обилните дождови последните денови и особено во последните 24 часа, забележано е излевање на многу реки и потоци.

Во местото Шулд во регионот Ајфел, на границите кон Белгија и кон Лускембург, во текот на ноќта поради поплавите урнати се шест куќи во кои престојувале 30 лица по кои се трага во моментов.

Според податоците од полицијата во сојузната покраина Рајнска Област-Пфалц, ситуацијата во местото Шулд е „непрегледна“. Неколку куќи се наоѓаат пред уривање, а полицајците и пожарникарите сѐ уште работата на спасување на 50-ина лица кои се качиле на покривите од своите куќи.

Во многу помали населени места жителите се отсечени од остатокот на светот.

Во соседната сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија во текот на интервенциите и обидите за спасување на граѓаните од водените маси загинале двајца полицајци.

Премиеорот на оваа сојузна покраина и кандидат на демохристијанската Унија CDU/CSU на есенските парламентарни избори, Армин Лашет, се упати кон градот Хаген кој е меѓу најтешко погодените мести во оваа сојузна покраина.

Во овој град жителите во најниските делови, во близина н една од четирите рекои кои течат низ овој град, се повикани да ги напуштат своите куќи и да се упатат кон повисоките делови на градот.

Премиерката на соузната покраина Рајнска Област-Пфалц, МАлу Дрејер, преку Twitter порача дека стравува со оние кои се во опасност и им се заблагодари на спасувачите.

Метеоролозите и за четвртокот најавуваат силни врнежи во овој, но и во другите делови на Германија.