Најмалку шестмина загинати во циклон во Мјанмар

Најмалку шест лица загинаа, а околу илјада се евакуирани од западниот брег на Мјанмар, откако силен циклон ги погоди таа земја и Бангладеш.

При силниот налет на ветрот се повредени повеќе од 700 луѓе од околу 20.000 луѓе кои се засолниле во зградите на ридовите на градот Ситва, како што се манастирите, пагодите и училиштата.

Циклонот нанел вода од морето во крајбрежните области на Ситве, а голем број граѓани се засолниле на покривите и спратовите на куќите.