На Марија и била одбиена кауција, па ќе остане во притвор до следното сослушување.

На Русинката Марија Бутина и биле прочитани дополнителни обвиненија пред судот во Вашингтон.

Таа изјавила дека не е виновна по две обвиненија дека била во конспирација да работи како шпион за руската влада.

Не е виновна чесен суде, одговорил на прашањето на судијата нејзиниот адвокат Роберт Дрискол во име на обвинетата.

Самата Бутина била присутна на суд, но молчела. Таа била облечена во портокалово затвореничко одело.

Бутина првобитно била обвинета за заговор дека работи како странски агент во САД без регистрација во Министерството за правда, што е стандардно обвинение за случаите за шпионажа. Во вторникот била обвинета дека всушност работи како агент, а не само дека е во конспирација, поради што и се заканува казна од 15 години затвор.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, претходно истакнала дека Бутина била уапсена пред состанокот на рускиот и американскиот претседател, очигледно со цел да го минимизира позитивниот ефект на самитот. Таа додала дека ФБИ извршува политички налог.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.