На Мавровчани им се смачи да ја чекаат државата па сами си ја исчитија црквата „Свети Никола“ (ФОТО)

Мавровчани не можеле повеќе да ја чекаат државата да интервенира и сами ја исчистиле црквата „Свети Никола“ во Мавровското Езеро, која долги години беше потопена. Иако долго време беше запуштена, црквата сега го враќа сјајот бидејќи езерото се повлекува.

„Се фатија група мавровчани и го направија ова сами, исчистија тони шут, стабилизираа камбанеријата, средија. Можело и без да чекаш државата да напраиш нешто за МК. Алал да им е“, стои во твитот кој се споделува на социјалните мрежи.

Црквата „Св. Никола“ во Маврово е вистинска туристичка атракција, а изградена била во 1850 година.

Но, со изградбата на Мавровското Езеро, се потопиле многу делови од старите села кои се наоѓале таму, вклучувајќи ја и старата црква.

Еве како изгледаше црквата претходно.

фото: Твитер

А еве како изгледа откако мавровчани ја исчистија.

фото: Твитер

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.