5.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

На меѓународниот ден за образованието: Власта системски го уништува, 20 илјади ученици не следат настава – немаат лаптоп компјутери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук денеска на меѓународниот ден на образованието вели дека власта системски го уништува и дека 20 илјади ученици не следат настава зошто немаат лаптоп компјутери.

-Меѓународниот ден на образованието нашата држава го дочекува со:

– 20 илјади деца кои не следат настава затоа што немаат компјутери;

– штрајк на матурантите;

– “реформи од Финска” кои не се од Финска, а кои се туркаат на сила и без консензус;

– со обид да се укине предметот историја како посебен предмет;

– со ниту еден универзитет кој е на Шангајската листа од 1000 најдобри универзитети во светот;

– и со образование кое е политизирано, наместо професионализирано.

Сето ова не го ветија, ама го остварија. А од ветеното ништо не исполнија.

Со ваква власт нема иднина. Образованието системски се уништува.

Наша е иднината и ние заедно ќе се избориме, стои во неговиот пост на Фејсбук.