Најмногу наврна дожд во Охрид, 24 литри на квадрат

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Охрид 24 литри на метар квадратен, во Крива Паланка 17, во Берово и Круешево по 13 и во Тетово 10 литри, соопшти УХМР.

Времето изутринава е променливо облачно со слаб ветер од променлив правец. Во котлините особено на северот има ниска облачност.

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе достигне 25 степени.