Најмногу починати од Covid-19 во еден ден во Албанија

Во последното деноноќие во Албанија од коронавирусот починале седум лица, што е највисоката бројка досега на дневно ниво, а меѓу починатите се и педесетгодишна акушерка од Елбасан и 71-годишниот свештеник Тоди Јовани од Подградец.

Според Министерството за здравство и социјална заштита, во изминатите 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 284 новозаразени од 1.278 тестирани што е 22,2 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени впишани се 103 лица, додека во двете ковид болници хоспитализирани се 285 пациенти.

Од почетокот на пандемијата до сега во Албанија се направени 119.607 тестови, позитивни на коронавирусот биле 19.729, оздравеле 10.808, починале 487 а активни на болеста се 8.434 лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.