Најмногу работа има за келнери и шанкери

38

Во земјава има вкупно 7.430 слободни работни места. Од нив најголем број 2.944 се во услужни дејности и продажба. Во преработувачката индустрија има слободни 1.971, 1.446 во трговијата и 979 во објекти за сместување и сервисни дејности со храна. Објавените податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека во второто тримесечје од годинава, стапката на слободни работни места изнесува 1,44 отсто. Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,13 отсто, додека најмала е стапката во секторот Јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,24 отсто.

Највисока стапка на слободни работни места од 1,92 отство има кај деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49. Најмногу слабодни работни места има во Скопскиот регион 3.552, а стапката на слободни работни места е највисока во југозападниот регион и изнесува 3,19 отсто
Од вкупно слободни 7.430 работни места, најмногу се во услужната дејност 2.944.

Во последните 5 години повеќе од 25% од новоотворените бизниси во Македонија се во услужни дејности – најмногу ресторани и други објекти за послужување храна и трговија на мало. 

 

 

Се отвориле 2.917 компании, ресторани и други објекти за послужување на храна или 7% од вкупно отворените фирми во земјата. Втора дејност која е најатрактивна за отворање на фирми се невладини организации и други организации на база на зачленување, каде за период од пет години се отвориле 2.484 фирми или 6% од вкупно отворените фирми. Трговијата на мало во продавници или отворањето на мини – маркети е трета дејност во која во изминатите пет години се отвориле 1.883 фирми или 4% од вкупно отворените нови фирми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.