Најмногу снег во Битола, најстудено во Маврово

Најмногу снег во текот на изминатите 24 часа наврнало во Битола 55 сантиметри, 47 сантиметри се измерени во Крушево, 45 во Тополчани, 40 во Маврови Анови, 39 во Ѓуриште, 37 во Лазарополе, 32 во Попова Шапка, 31 во Пожаране, 30 во Прилеп и Дебар, 23 во Скопје Петровец, 19 во Скопје Зајчев Рид, 18 во Тетово и Берово, 14 во Претор, 11 во Охрид и Куманово, 10 во Виница, 9 во Штип, 6 во Демир Капија, 4 во Крива Паланка и 1 сантиметар во Струмица.

Како што соопшти УХМР, минималната температура ноќеска се движеше од -7 во Маврово, Лазарополе, -5 во Крушево, -4 во Охрид, Куманово и Дебар, -3 во Претор, -2 во Прилеп, Крива Паланка, Тетово и Берово, -1 во Скопје-Петровец, Битола и Штип, 0 во Скопје-З.Рид, Демир Капија, Струмица и Виница и 1 степен во Дојран.

Во текот на ноќта беше облачно со врнежи од снег, кои во втората половина од ноќта во западните и северните делови престанаа. Изутринава врнежи од снег има во источните делови. Дува слаб до умерен, а на повисоките места повремено засилен ветер од северен правец.

Времето претпладнево ќе биде променливо облачно, во источните делови со повремени врнежи од снег. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, потоа сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 8 степени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.