На морското дно лежи 14 милиони тони пластика, предупредуваат научниците

Дното на светските мориња е покриено со 14 милиони тони микропластика, што е последица од фрлањето на големите количества ѓубре во океаните секоја година, објави австралиската национална научна агенција ЦСИРО.

Тоа е 35 пати повеќе пластика од тоа што се верува дека „плови“ на површината. Истражувачите велат дека станува збор за првата глобална проценка на количината на микропластика, парчиња на пластика кои од различни елемненти се разложиле во ситни фрагменти помали од 5 милиметри.

Експертите со подморница-дрон собрале примероци од длабочини и до 3.000 метри во подморјето на јужна Австралија.

„Нашето истражување покажа дека глабоките окени се како одводни канали за микропластиката“, кажа шефицата на проектот Дениз Хардести.

„Изненадени сме што најдовме толку многу микропластика на толку одалечени локации“.

Научниците, кои својата работа ја објавија во магазинит Фронтиерс ин марин сајенс, велат дека областите со повеќе плутачко ѓубре на површината имаат повеќе микропластика на своето дно.

„Пластиката која завршува во океаните пропаѓа и се распаѓа на ситни делови, а резултатите јасно покажуваат дека микропластиката завршува на нивното дно“, вели научничката Џасин Барет.

Хардести затоа повика на итна акција за наоѓање решение за загадувањето со микропластика кое влијае врз екосистемите, животот во дивината и врз здравјето на луѓето.

„Владите, индустријата и заедниците мора да работат заедно на то значително да го намалат количеството ѓубре кое го гледаме кај нашите плажи и во нашите мориња“, кажа таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.