На мундијалот во Катар ќе судат три главни и три линиски судијки

Меѓународната фудбалска асоцијација ФИФА објави дека меѓу делителите на правдата на годинешното машко Светски прванство коешто ќе се одржи во Катар од 21-ви ноември до 18-ти декември, ќе бидат три главни и три линиски женски арбитри.

Ова ќе биде првпата жени да судат на светско првенство за фудбалери, а честа да бидат главни арнитри на најелитната светска фудбалска смотра ќе ја имаат Французинката Стефани Фрапар. Рунаѓанката Салима Муксанга и Јапонката Јошима Јамашита. Додека линиски судијки ќе бидат Бразилката Неуза Баск. Мексиканата Карен Диаз Медина и Американката Кетрин Несбит.

„Со ова се довршува процесот кој го започнавме пред неколку години со воведувањето на судијките на натпреварите на мажи, прво јуниорите, а потоа и сениорите. Сите тие го заслужија своето место на Светското првенство, бидејќи постојано судат на високо ниво. Како секогаш, нашиот избор на судиите се заснова правенствено на квалитетот“, изјави претседателот на судската комисија при ФИФА, Пјерлуиџи Колина.

Вкупно за катарскиот мундијал се избрани 36 главни арбитри, 69 линиски судии и 24 видео-судии.