На најновата листа на УЈП има 4.500 должници

На најновата листа на должници на Управата за јавни приходи објавени се 1.995 должници – правни лица (повеќе за 16 од претходната листа) и 2.520 физички лица (помалку за 66 од претходната листа). Нивниот вкупен нето долг изнесува 10.114.683.435 денари, што е помалку за 84.458.111 денари од претходно. Нето-долгот за даноци и за придонеси е 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

Најновата листа на УЈП е за долгови доспеани до 30.06.2019, кои се неплатени до крајот на септември, по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари, за физичките лица и самостојни вршители на дејност, а повисок од 300.000 денари за правните лица.