На национализираниот германски увозник на гас му се потребни уште пари

Германската влада би требала да вложи уште десетици милијарди евра за национализираниот увозник на гас „Uniper“ за да му помогне да ја преброди гасната криза во Европа, соопштија во четвртокот за Reuters два извора.

Канцеларот Олаф Шполц во септември го национализираше „Uneper“, издвојувајќи 29 милијарди евра за да му помогне најголемиот германскиот увозник на гасот и да се спречи колапсот енергетските компании кој провоцираше споредби со пропаста на американската банка „Lehman Brothers“ во финансиската криза 2008 година.

Владејачката коалиција планира да ја дополни поддршката со надоместоци за поголеми трошоци за увозот, но се откажа од таа намера.

Деловниот дневен весник Handelsblatt први извести дека на „Uniper“ му се потребни пари, додавајќи дека може да добие повеќе од 40 милијарди евра, според извори во владите и во финансиски кругови.

Имајќи предвид дека владата се откажа од надоместокот, парите ќе бидат дадени од 200 милијарди евра тешката владина програма за помош на домаќинствата и индустријата, која предводува решенија скроени според потребите на увозниците на гасот „Uniper“, „Sefe“ поранешна филијала на „Газпром“, и VNG на EnBW, рекле соговорниците на агенцијата. Сумата ќе ги диктираат промените на цената на гасот, додале.

Од „Uniper“ не сакале да ги коментираат тврдењата на изворите.

Извршниот директор на „Uniper“, Дитер Маубах во септември изјави дека компанијата дневно на набавка на гасот губи околу 100 милиони евра и дека во четвртиот квартал ќе се насобере загуба од 10 милијарди евра, доколку остане без пари од надоместоците за поголемиот трошок за увозот на гасот.

„Uniper“ летово побара поддршка од владата во Берлин поради огромните трошоци за купување гас на берзите чиишто цените силно пораснале по запирањето на испораките од Русија.

Руски „Газпром“ ги запре испораките преку гасоводот „Северен тек 1“ поради блокадите на турбините кои германски „Siemens“ според договорот ги испрати на ремонт во Канада каде што останаа заглавени поради санкциите против Русија.

Кон крајот на септември Северен тек 1 беше тешко оштетен, како и Северен тек 2 кој иако наполнет со гас Германија го суспендираше почетокот на неговото функционирање. Според истрагата Данска, Шведска и Германија станува збор за саботажа. Шведска и Германија одбија да ги објавата резултатите од истрагата правдајќи се со националната безбедност.