Најниска температура ноќеска е измерена во Берово и на Попова Шапка еден степен

Најниска температура ноќеска е измерена во Берово и на Попова Шапка еден степен, во Крива Паланка два, во Скопје-Петровец, Крушево и Лазарополе четири степени, во Битола, Струмица, Куманово и Маврови Анови пет, во Скопје-Зајчев Рид, Штип и Гевгелија шест, во Тетово, Претор, Виница, Велес и Кавадарци седум, во Прилеп, Демир Капија и Дојран осум степени и во Охрид девет степени.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Струмица 22 литри на метар квадратен.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 70 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 23 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.