На нова средба утринава Касами и Заев ќе бараат крајно решение

26

Лидерот на едно од крилата на БЕСА, Биљал Касами и премиерот, Зоран Заев, за утринава имаат закажано нова средба на која се очекува да се дојде до решение како би се одблокирал процесот за уставни измени во Собранието.

За Генералниот секретар на БЕСА на Касами, Аријанит Хоџа, проблематичен е делот на уставниот закон што го регулира државјанството.

Придавката „македонско“ при преводот на албански, според Хоџа, има поинакво значење, поради тоа БЕСА предлага амандман според кој „за граѓаните од албанската етничка припадност, во прописите и другите акти на државните органи државјанството на македонски јазик да гласи ‘македонско/граѓани на Република Северна Македонија’, на албански јазик да гласи ‘eMaqedonisë/qytetar i Republikës së Maqedonisë Veriore’ (во превод ,,од Македонија/граѓани на Република Северна Македонија“, и на англиски “macedonian/citizen of Republic od North Macedonia“.

 

Skin Delight

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.